Упатство за употреба на јонизаторот Невотон ИС-112 PDF Печати Е-пошта

is112Јонизаторот на колоидна сребрена вода, понатаму јонизатор или апарат, е наменет за добивање на воден раствор (познат како Сребрена вода) од јони на сребро (Ag+) во домашни услови. При поминување на постојана електрична струја низ двете електроди, во водата се издвојуваат јони на сребро. Може да се примети како во вода се спушта сивкаст облак кој го формираат јоните на сребро. Јонизаторот НЕВОТОН IS-112 е управуван од страна на микропроцесор кој ја овозможува безбедноста на растворот кој се добива како резултат на јонизацијата. Среброто што се користи во јонизаторот е Ag 999.9 со ултра висок квалитет и чистота, со содржина на сребро не помала од 99,99% кое се добива како резултат на високата воена технологија што ја користи производителот НЕВОТОН. Хемискиот состав на ова сребро го исполнува строгиот руски стандард ГОСТ 28595-90 со што сигурноста и безбедноста за користење на овој јонизатор и водениот раствор добиен со него е на највисоко ниво.

Јонизаторот Невотон овозможува подготвување на сребрена вода во два режима:

DRINKING – воден раствор во кој концентрацијата на сребрени јони е 0,035 мг/литар (35 микро грами/литар);

CONCENTRATE - воден раствор во кој концентрацијата на сребрени јони е 10 мг/литар.

Доколку ви е потребно да добиете воден раствор со поголема концентрација на сребрени јони, постапката за правење концентрат се повторува 2 или 3 пати во истиот раствор за да се добие концентрат со 20 или 30мг/литар соодветно.

Со оглед на високата концентрација на сребрени јони, ваквиот воден раствор се користи за надворешна употреба. Тој може да се користи за миење на овошје и зеленчук, дезинфекција на работни површини, за измивање на детски играчки и садови со цел да се уништат бактериите. Меѓу другото, може да се користи и во аквариуми за елиминација на патогените бактерии, а поволно делува и на благосостојбата на рибите. Исто така се употребува во козметологијата, за миење лице и тело, може да се користи за испирање на очи, уво, нос и грло, потоа за полевање на цвеќиња и растенија, и др.

kontrolnaСо копчето MODE се задава концентрација на раствор DRINKING или CONCENTRATE.

Со копчето VOLUME се задава количината на течност 1/2/3 литри. Ова копче работи само во режимот DRINKING, а режимот CONCENTRATE е фабрички поставен само на 1 литар.

Со копче START/STOP се започнува и прекинува процесот на јонизација. Сијаличката свети постојано за време на јонизацијата на водениот раствор. Ако за време на процесот на јонизирање се притисне START/STOP – процесот ќе се прекине и ќе изгасне сијаличката.
По автоматското завршување на јонизацијата сијаличката почнува да трепка и се слуша звучен сигнал кој се повторува секои 10 секунди. Исто така, во случај на губење на контакт помеѓу електродите и водата процесот ќе прекине и сијаличката ќе трепка.

Во режимот CONCENTRATE се зголемува потрошувачката на сребрената електрода. Ви препорачуваме штедливо користење на овој режим!
На квалитетот на сребрена вода влијае минеролошкиот состав на водата! Таа се користи само за надворешна употреба.
За јонизација не може да се користи дестилирана вода!

Начин на работа

  1. Подгответе стаклен сад со соодветен волумен (1л, 2л или 3л). Можете да користите секаков сад, освен метален, но најдобро е стаклен, обично бокал за вода или тегла за конзервирање;
  2. Наполнете го бокалот (садот) со чиста вода до одреденото ниво. Не го полнете садот до крај.
    Во двата режима на работа, за да јонизаторот нормално работи, потребно е да се користи минерална вода или вода од градскиот водовод;
  3. Поставете го апаратот одозгора така што само електродите да бидат потопени во водата;
  4. Приклучете го конекторот од адаптерот за напојување во јонизаторот;
  5. Приклучете го адаптерот на електрична мрежа (220V);
  6. Одберете режим;
  7. Притиснете го копчето START/STOP;
  8. Откако ќе заврши процесот на јонизација исклучете го апаратот од електрична мрежа.

bokalПроцесот на јонизација на 1 литар вода трае околу 20 секунди во режимот DRINKING, односно околу 20 минути во режимот CONCENTRATE.
После секоја примена на апаратот потребно е површината на електродите да ја исчистите со приложената четкичка.
Пред воопшто првата употреба на апаратот, делот кај што се наоѓат електродите може да се исплакне под чешма со ладна вода. Потоа подгответе еден литар сребрена вода во режимот DRINKING. Добиениот раствор треба да се фрли или истури на растенија. Со тоа јонизаторот Невотон е спремен за понатамошно користење.

Забрането е:

  1. Да се потопува во вода горниот дел од апаратот;
  2. Вклучување на јонизаторот со мокри раце;
  3. Свртување на влажен јонизатор со електродите нагоре;
  4. Приклучување во неисправна електрична мрежа.

Корисни своjства на сребрената вода

Тешко е да се каже кога човекот ги открил корисните своjства на среброто. Познато е дека 2500 години пред нашата ера воjници во Египет го користеле среброто за лечење на повредите ставајќи тенки сребрени плочки врз раните и тие побрзо заздравувале.
Традиционално во Православната црква крстената вода се чува во сребрени садови.
Среброто на голема врата се враќа седумдесеттите години од 20 век кога екипа на лекари од Универзитетот за Медицина Вашингтон случајно ги забележуваат неверојатните резултати на среброто при уништување на микроорганизмите. Па така од тогаш па до денес повеќе лаборатории, универзитети, клиники и други научни институции вршат најразновидни испитувања и доаѓаат до фантастични резултати. Досега е докажано дека јоните на сребро делуваат врз над 650 видови различни видови бактерии, вируси и габички.
Истражувањето на Универзитетот Северен Тексас, кои изолирале неколку вируси, бактерии и ин-витро делувале врз нив, ги дало следниве резултати:

  1. STAPHYLOCOCCUS – популација повеќе од 10 милиони единици целосно исчезнуват после 4 минути при изложеност на колоиден сребрен раствор со концентрација 15 ППМ;
  2. CANDIDA – популација повеќе од милијарда единици целосно исчезнуват после 2 минути при изложеност на колоиден сребрен раствор со концентрација 15 ППМ;
  3. SALMONELLA - популација повеќе од 10 милиони единици целосно исчезнуват после 7 минути при изложеност на колоиднен сребрен раствор со концентрација 15 ППМ;
  4. PSEUDOMONA - популација повеќе од 13 милиони единици целосно исчезнуват после 10 минути при изложеност на колоиднен сребрен раствор со концентрација 15 ППМ.

Друго истражување, кое било направено на Микробиолошкото оделение на Универзитетот Бригам Јанг, покажува дека среброто и во мала концентрација е смртоносно за огромен број заразни бактерии:

  1. STAPHYLOCOCCUS AUREUS, стопирани на 2,5 ППМ целосно уништени на 5 ППМ концентрација на сребро;
  2. SHIGELLA BOYDII, стопирани на 1,25 ППМ целосно уништени на 2,5 ППМ концентрација на сребро;
  3. SALMONELLA ARIZONA, стопирана и целосно уништена на 2.5 ППМ концентрација на сребро;
  4. ESCHERICHIA COLI, стопирана и целосно уништена на 2.5 ППМ концентрација на сребро;
  5. HAEMOPHILUS INFLUENZAE, стопирана и целосно уништена на 12.5 ППМ концентрација на сребро;
  6. ENTEROBACTER AEROGENES, стопирана и целосно уништена на 2.5 ППМ концентрација на сребро;
  7. ENTEROBACTER CLOACAE, стопирана и целосно уништена на 5 ППМ концентрација на сребро;
  8. KLEBSIELLA PNEUMONIAE, стопирана и целосно уништена на 2.5 ППМ концентрација на сребро;
  9. KLEBSIELLA OXYTOCA, стопирана и целосно уништена на 2.5 ППМ концентрација на сребро;
  10. STREPTOCOCCUS PNEUMONIAE, стопирана на 2,5 ППМ целосно уништена на 5 ППМ концентрација на сребро;
  11. STREPTOCOCCUS PYOGENES, стопирана и целосно уништена на 1,25 ППМ концентрација на сребро;
  12. STREPTOCOCCUS FAECALIS, стопирани на 2,5 ППМ целосно уништени на 5 ППМ концентрација на сребро;
  13. STREPTOCOCCUS MUTANS, стопирани и целосно уништени на 5 ППМ концентрација на сребро;
  14. STREPTOCOCCUS GORDONII, стопирани и целосно уништени на 5 ППМ концентрација на сребро.

Низ светот, особено во Русија, можеме да спомнеме само неколку сфери на примена на препарати кои содржат сребро:

  1. Кожни проблеми – помага кај габични инфекции на кожа, се применува вода со концентрација на сребрени јони 10-20 мг/л;
  2. Стоматологија – помага кај стоматити, гингивити и друго, се применува за плакнење на усната шуплина со сребрена вода со концентрација 10-20мг/л на собна температура;
  3. Во хирургија – може да се користи за облоги и гази натопени со сребрен раствор со концентрација 10-20 мг/л на собна температура за покривање на рани заради дезинфекција и побрзо зацелување на раните;
  4. Во офталмологија – помага во случаи на воспаление и црвенило на очите, конјуктивитис, воспаление на солзни ќеси и други слични проблеми, се применува раствор на сребрена вода за испирање со концентрација 10-20 мг/л на собна температура;
  5. Кај уво-грло-нос – при надворешни инфекции, воспаление на средното уво, ларингит, ринит, различни форми на ангина, црвенило на грло и слично, сребрената вода може да помогне и да ја ублажи состојбата, применувајќи ја за плакнење и испирање со концентрација 10-20мг/л на собна температура.

(Објаснување за користените мерки: 1ППМ=1мг/л=1000мкг/л)

Доколку само ставите сребрена лажица во вода (како што многумина се прашуваат или претпоставуваат) ќе нема скоро никаков ефект врз таа вода бидејќи парчето метал само по себе не ослободува јони на сребро во водата.

Јонизаторот Nevoton IS-112 е наменет за домашнo користење и надворешна употреба.