Јонизаторот на колоидна сребрена вода е наменет за добивање на воден раствор од јони на сребро (Ag+) во домашни услови (познат како Сребрена вода). (Aко сакате да ја видите брошурата за јонизаторот НЕВОТОН kликнете тука.)
При поминување на постојана електрична струја низ двете електроди, во водата се издвојуваат јони на сребро. Може да се примети како во водата се спушта сивкаст облак кој го формираат јоните на сребро.
Јонизаторот НЕВОТОН IS-112 е управуван од страна на микропроцесор кој ја овозможува концентрацијата на растворот кој се добива како резултат на јонизацијата.
Среброто што се користи во јонизаторот е Ag 999.9 со ултра висок квалитет и чистота, со содржина на сребро не помала од 99,99% кое се добива како резултат на високата руска воена технологија што ја користи производителот НЕВОТОН. Хемискиот состав на ова сребро го исполнува строгиот руски стандард ГОСТ 28595-90 со што сигурноста и безбедноста за користење на овој јонизатор и водениот раствор добиен со него е на највисоко ниво.
Јонизаторот Невотон овозможува подготвување на сребрена вода во два режима:
- DRINKING – воден раствор во кој концентрацијата сребрени јони е минимална и изнесува 0,035 мг/литар (35 микро грами/литар).
- CONCENTRATE – воден раствор во кој концентрацијата на сребрени јони е значителна и изнесува 10 мг/литар. Доколку ви е потребно да добиете воден раствор со поголема концентрација на сребрени јони, постапката за правење концентрат се повторува 2 или 3 пати во истиот раствор за да се добие концентрат со 20 или 30 мг/литар соодветно. Со оглед на значителната концентрација на сребрени јони, ваквиот воден раствор се користи за надворешна употреба. Тој може да се користи за дезинфекција на работни и санитарни површини, за измивање на детски играчки и садови со цел да се уништат бактериите. Меѓу другото, може да се користи и во аквариуми за елиминација на патогените бактерии, а поволно делува и на благосостојбата на рибите. Исто така се употребува во козметологијата, за миење на лице, тело и коса, може да се користи за испирање на очи, уво, нос и грло, потоа за полевање на цвеќиња и растенија и слично.
Технички карактеристики
Концентрација на добиениот раствор: | |
Во режимот „Пиење“ (Drinking) | 0,035 mg/L |
Во режимот „Концентрат“ (Concentrate) | 10 mg/L |
Траење на електродата во режимот „Пиење“ | околу 60000 L |
Потрошувачка | 5 W |
Тежина на сребрената електрода (Ag 999,9) | 2,4 g ±0,1 |
Најчести прашања и одговори
П. Како да има некаква наслага на електродите?
О. При процесот на јонизирање можно е да се создадат наслаги кои треба да се чистат со четкичката по секоја употреба.
П. Може ли со апаратот да се направи концентрација на сребрени јони од 20 mg/L?
О. Да може, само треба двапати да ја третирате истата вода во режимот „Концентрат“ (Concentrate).
П. Може ли јонизираната вода да се користи за варење чај или супа?
О. Многу подобро е ако прво ја зовриете водата па потоа ја третирате со Јонизаторот отколку обратно.
П. Кој е соодносот меѓу мерките PPM и mg/L ?
О. Содносот меѓу мерките е 1 PPM = 1 mg/L = 1000 µg/L.
НАРАЧАЈ ВЕДНАШ
Контакт
Локација
Костурски херои 15 локал 3
(спроти Универзална сала), Скопје
Пишете ни
е-пошта:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Јавете се
+389 2 3230 777
+389 76 487 171