Кожни болести PDF Печати Е-пошта

Псоријаза и екзема

Псоријаза претставува хронична рецидивирачка дерматоза која се манифестира со исип по кожата кој обилно се лушти (во вид на рани или точки). Постои претпоставка дека псоријазата е инфективно-алергиска болест. Кај едни болни е забележана поврзаност на псоријазата со дејството на микробен фактор. Кај другите болни е нарушен системот на реагулација на метаболизмот и постои генетско условен недостаток на антиинфекциска заштита. Поради тоа, се издвојуваат два вида на псоријаза – микробно генетски и микробен. Забележано е дека и крајниците играат улога при инфицирање на организмот бидејќи често после операција, тонзилектомија (вадење на крајниците) се набљудува ремисија на псоријаза. Освен тоа, познато е дека кај деца и тинејџери често се развива псоријаза после акутна инфекција на горните дишни патишта предизвикана од стафилокок или стрептокок. Постои и комплекс на наследни фактори кои доведуваат до развој на псоријаза. Ова беше откриено со специјални генетски истражувања.

Екзема претставува хронична рецидивирачка болест со акутновоспалителни симптоми условена со сериозно воспаление на епидермис и дермис. Оваа дерматоза има име кое потекнува од грчкиот збор eczeo со значење “зоврива“ кое објаснува карактеристично својство на екзематозни меурчиња кои пукаат исто како меурчиња на вода што врие. Во развојот на болеста, голема улога игра нервниот систем, ендокринско-метаболичките нарушувања, инфекциско-алергенските фактори, генетските фактори и недостатокот на имунитет. Сите овие фактори се присутни во различен степен и затоа екземата се смета за полиетиолошко заболување, т.е. заболување кои настапува од спој на повеќе причини. Посебно се издвојува микробска екзема за чиј развој големо значење има инфекцискиот фактор.

При лекување на псоријаза и екзема често се користат антихистамински, антиалергиски препарати, имуномодулатори, хормони, препаратите на калциум, витамини, седативни средства и антибактериски препарати доколку за појавување на дадените болести игра улога инфекцискиот фактор.

 

Примена на јонизаторот НЕВОТОН-115/112 при лекување на псоријаза и екзема

Симптоми: во случај на екзема најчесто е зафатена кожата на лицето и рацете. Се забележува оток, црвенило, исип во вид на папули и меурчиња, ерозии во вид на точки. Меурчињата пукаат, течноста се суши и се појавуваат сиво-жолти крусти под кои започнува епителизација. Често, раните се чешаат. Екзематозните исипи се наоѓаат на телото, симетрично, и немаат прецизни граници. Псоријазата се изразува во вид на розево-црвени папули, покриени одозгора со сребрени лушпи кои лесно паѓаат при отстранување. Папулите понекогаш се соединуваат и образуваат покрупни флеки, понекогаш се чешаат. Папулите најчесто се наоѓаат на лактите, под и на колената, на кожата на бедрата, на кожата на главата каде што има коса, често се појавуваат и на тие места каде што кожата е трауматизирана (изоморфна реакција).

Примена на сребрената вода: треба да се прават компреси и измивања се до постигнување на очекуваниот резултат. Компреси се прават со помош на памучна ткаенина, натопена во растворот на сребро. Концентрацијата на среброто во растворот е 500-1000 мкг/л.

Очекуван  резултат: исчезнување на воспалението, инфилтрацијата на кожата на местото на раната и наоколу, намалување на чешањето и перутење на кожата, исчезнување на отокот и црвенилото на кожата, намалување на количеството и големината на псоријазните рани, бактерициден ефект, ремисија на болеста. При екзема – намалување на отоците и екзематозните рани, намалување на чешањето, сушење на кожата, превентива од бактериски влошувања на болеста, ремисија, подобрување на квалитетот на живеење.

Гнојни болести на кожата

Гнојно воспаление на кожата се јавува под дејство на најразлични предизвикувачи: стафилококи, стрептококи, пнеумококи, гонококи, цревни бактерии и други. Поради тоа, гнојните воспаленија на кожата се многу распространети и се наоѓаат на прво место во појавата на кожните заболувања. Честото заболување во пределот на оваа болест се објаснува со големата распространетост на неговите предизвикувачи во природата (посебно стафилококите), како и со нивната значајна биолошка променливост со премин од непатогени во патогени форми, на самата кожа. Голема улога во појавата на гнојни инфекции на кожата, игра и општата состојба на организмот и имунитетот на човекот. За лекување на овие болести се користат антибактериски препарати и имуномодулатори. Примената на растворот на среброто обезбедува отсуство на адаптација спрема лекување од страна на предизвикувачите на болеста и отсуство на нус-појави во вид на сензибилизација на кожата и дисбактериоза.

 

Примена на јонизаторот НЕВОТОН-115/112 при лекување на гнојни заболувања на кожата

Симптоми: исип во вид на папули и гнојни меурчиња, најчесто на кожата на лицето, вратот и градите. Исипите се наоѓаат на воспалена, зацрвенета, отечена кожа. На местото на исипот може да се појави непријатно чувство и чешање.

Примена на сребрената вода: измивања и компресии до постигнување на очекуваниот резултат. Компресии се прават со помош на памучна ткаенина, натопена во раствор на среброто. Концентрацијата на среброто во растворот е 1000 мкг/л.

Очекуван резултат: исчезнување на воспалението и отокот на кожата, исчезнување на чешањето на кожата, потсушување и постепено исчезнување на кожните исипи.

 

 

Примена на јонизаторот НЕВОТОН-115/112 во лекување на трофички кожни  чиреви

Симптоми: длабоки рани на кожата и во поткожата со изразени краеви, со истекување на гној со непријатен мирис, секундарно бактериско воспаление во пределот на стапалата и нозете до колена (најчесто од внатрешна страна), болките во пределот на раната. Раните се појавуваат како покасно влошување кај нарушување на венозен или артериски крвоток на долните екстремитети. Текот на болеста е бавен. Болеста е хронична, а тенденцијата за регенерација или е незначајна или е целосно отсутна.

Примена на сребрената вода: измивања, држење на нозете во растворот, компресии до целосно заживување на раната. Компресиите се прават со помош на памучна ткаенина, натопена во растворот на среброто. Концентрацијата на среброто во растворот е 500-1000 мкг/л.

Очекуван резултат: намалување или целосно исчезнување на гнојот, сушење на дното на раната, подобрување на локалниот крвоток и микроциркулацијата на крвта, исчезнување на болките, појава на гранулациии во пределот раната, знаци на епителизација (затегнување) од страните на раната. Далечен резултат – целосно затегнување на раната.

 

Себореја

Кај болните од себореја се забележува зголемено лачење на кожното сало, предизвикано од засилена функција на соодветните жлезди со измена на хемискиот состав на секретот. Себорејата е предизвикана од габата pyterosporum orbikulare. Се разликува сува, мрсна, густа и мешана себореја. Сува себореја најчесто предизвикува перут – луштење на кожата. Перутот постепено се зголемува, самопроизволно се одделува и паѓа на облеката. Сува себореја понекогаш предизвикува силно чешање, косата почнува да се суши, да се истенчува и да опаѓа, што може да доведе до појава на ќелавост. Кожата на лицето станува сува, лесно се иритира и се лушти.

При мрсна себореја одеднаш се зголемува количината на течно кожно сало. Кога салото е течно, тоа се растекува врз површината на кожата и таа изгледа мрсна. Косата станува мрсна, леплива, се лепи и има изглед како мокра. Врз кожата на лицето се гледаат проширени “кратери“ на фоликулите на влакното од кои постепено се лачи кожно сало. Кај болните од густа себореја се појавуваат акни. Тие се состојат од кожно сало, а присутен е и процес на лупење. Поради навлегување на прашина, тие изгледаат како црни точки. Густа форма на мрсната себореја е добра позадина за развој на обични мозолчиња.

Растворот на среброто во случај на оваа болест, претставува ефикасно антигабично средство кое не ја иритира кожата.

 

Примена на јонизаторот НЕВОТОН-115/112 при лекување на себореја

Симптоми: зголемено или намалено (лачење) на кожно сало, мрсна или сува кожа, кожни исипувања во вид на мозолчиња и акни, гнојни мозолчиња, чешање на кожата.

Примена на сребрената вода: измивања и компресии до постигнување на очекуваниот резултат. Компресии се прават со помош на памучна ткаенина, натопена во раствор на сребро. Концентрацијата на среброто во растворот е 1000 мкг/л.

Очекуван резултат: намалување или исчезнување на гнојните мозолчиња, бактерициден ефект, превентива од прогредирање на кожните исипи, намалување на лачење на салото или нормализација на истото, ремисија, подобрување на квалитетот на живеење.

 

Габични болести на кожата и ноктите (дерматомикози, онихомикози)

Габите се широко распространети во околината. Тие живеат во почвата, на растенијата, паразитираат врз животните и човекот. Според карактерот на патогеноста, габите се делат на монопатогени кои предизвикуваат заболувања само кај животните (зоофилни) или само кај човекот (антропофилни) и на полипатогени од кои се разболуваат и едните и другите. Габите кои се патогени за човекот и кои ја напаѓаат кожата, уште се нарекуваат дерматофити, а болеста - дерматомикоза (болест на ноктите – онихомикоза).

Способноста на габите да ја напаѓаат кожата зависи од многу различни фактори: од времето во годината, од влажноста на почвата, од состојбата на растенијата, од својствата на кожата на човекот и животните. Постојат два начина на инфицирање. Директно инфицирање може да се случи при директен контакт со почвата, растенијата, болните животни или болниот човек. Индиректно заразување може да настане од допир до различни предмети кои ги употребуваат болните луѓе или до предмети со чија помош се одгледуваат животните.

Чувствителност спрема габична инфекција зависи од состојбата на имунолошкиот систем, од неуроендокринолошки и нарушувања на метаболизмот, од состојбата на кожата и од моменталните болести. Возраста, полот и професионалните фактори исто така имаат големо значење. Состојбата на детската кожа која е многу потенка од кожата на возрасните, состојба на епидермис и косата – сето тоа се фактори поради кои патогените габи полесно навлегуваат и лесно преминуваат од непатогена, сапрофитна габична флора во патогена (таа што ја предизвикува болеста).

Габични предизвикувачи на болеста не се адаптираат на сребрената вода при лекување на микозите. Освен тоа, сребрената вода не предизвикува иритација на кожата на местото на габичното воспаление.

 

Примена на јонизаторот НЕВОТОН-115/112 при лекување на габични заболувања на кожата и ноктите

Симптоми: чешање на кожата, црвенило, оток, големи расчешани површини со секундарно бактериско воспаление, заматување и задебелување на ноктот, раздвојување на ноктот.

Примена на сребрената вода: плакнења, киснења на нозете, компресии до постигнување на очекуваниот резултат. Концентрацијата на среброто во растворот е 1000 мкг/л.

Очекуван резултат: фунгистатичен (престанок на растење и размножување на габата) и фунгициден (умирање на габата) ефект, исчезнување на воспалението на кожата, заздравување на раните од чешање, исчезнување на мицелиумот на габата дерматофит во ноктот, нормализација на структурата на ноктот, исчезнување на воспаление на леглото на ноктот, ремисија, подобрување на квалитетот на живеење.